Поранешниот репрезентативец на Македонија и екс-директор на репрезентација даде интервју за германските медиуми пред утрешниот натпревар.
Ќириќ е легенда на Нирнберг, па од таму им е и добро познат на Германите.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Оваа Македонија не се плаши од никого, па и ако тоа е Германија. Фаворити се секако, можеби ќе изгубиме, но сигурно дека Македонија ќе се обиде да победи. Очекувам еден интересен натпревар. Со Романија одигравме добар натпревар, но изгубивме 3:2, потоа бевме одлични и со Лихтенштајн кого го добивме со 5:0. Често пати сме знаеле да одиграме добро со големите репрезентација, Шпанија, Италија, Англија…во минатото имале проблеми со нас. Ние сме репрезентација на која не и одговара противник кој се брани“, порача Ќириќ.
Натпреварот помеѓу Македонија и Германија се игра утре од 20:45 часот.