Дома Трансфер зона Ќе се чека одлуката на Влаховиќ: Јувентус сака да му ја намали платата?

Ќе се чека одлуката на Влаховиќ: Јувентус сака да му ја намали платата?

Српскиот напаѓач Душан Влаховиќ поради проблеми со повредите мораше да ги пропушти октомвриските натпревари со репрезентацијата на Србија, против Унгарија и Црна Гора, но тоа му даде можност да започне нова рунда преговори со челниците на Јувентус.

Имено, долго време се зборува за иднината на Влаховиќ во Италија, откако голгетерот на „старата дама“ летово беше на излезната врата и за малку ќе завршеше во Челзи.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поради ова, челниците на Јувентус заппочнаа преговори според кои Влаховиќ би добил нов договор, сегашниот му истекува во 2026 година.

Идејата на италијанскиот гигант е, како што пишува „Газета дело Спорт“, најплатениот фудбалер на тимот (седум милиони нето) да не ја намалува главнината во договорот, туку тоа да го направи со бонуси, што би го направило платниот список на Јувентус полесен.

Платата на Влаховиќ во последната сезона ќе достигне 12,5 милиони евра, а директорите Кристијано Џунтоли и Џовани Мана планираат да го продолжат договорот на уште една или две години.

Како што додаваат Италијанците, Влаховиќ сака да остане во Торино, а веќе се вратил на тренинзите и ќе биде подготвен за натпреварите кои доаѓаат по репрезентативната пауза.

Официјалната понуда до Влаховиќ би требало да пристигне до крајот на октомври, за потоа да се почека одлукатан а фудбалерот. Оваа сезона Влаховиќ на шест натпревари постигна четири гола и додаде една асистенција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Позната главната трансфер цел на Јувентус

Италијанскиот гигант Јувентус покажува силен интерес за Мејсон Гринвуд кој оваа сезон…