Екипата на Барселона и оваа сезона испадна во групната фаза од Лигата на шампионите, а по ова се поставуваше прашањето дали Чави Ернандез ќе остане тренер на Барселона.
Чави ја презеде Барселона пред една година. Сепак, тој не донесе некоја голема промена во однос на претходните тренери, па Барселона уште еднаш доживеа дебакл во Лигата на шампионите.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Иако статистички е најслабиот тренер на Барса во изминатите 20 години, раководството на клубот во моментов не размислува за промена на клупата. Така барем тврдат шпанските медиуми.
„Чави останува! Барселона има целосна доверба во него и во неговиот долгорочен проект“, пишува весникот „Копе“ повикувајќи се на извор близок до каталонскиот клуб.
Барселона со Чави на 53 натпревари има учинок од 30 победи, 11 нерешени и 12 порази.
Претходно овој 42-годишник стекна искуство како тренер на катарскиот Ал Сад каде ја заврши професионалната фудбалска кариера.