Дома Останати Тенис Ќе игра ли Надал против Кирјос? Шпанецот има скинат мускул!

Ќе игра ли Надал против Кирјос? Шпанецот има скинат мускул!

Рафаел Надал утрово направи медицински прегледи кои покажаа дека за време на мечот против Тејлор Фриц се здобил со сериозна повреда, односно скинат мускул.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


„Марка“ пренесува дека Надал сака да излезе на терен и в петок против Ник Кирјос во полуфиналето. Меѓутоа тој има повреда и се уште не одржал тренинг.

Надал против Фриц за време на вториот сет бараше медицински тајм аут. Во тие моменти неговиот татко од трибините го советуваше да го предаде мечот, меѓутоа Шпанецот продолжи и и на крајот славеше.

„И покрај повредата се борев и покажав дека можам да бидам конкурентен и во таква ситуација“, изјави Надал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Толку од рекордот на Ѓоковиќ: Синер е страшен, ги руши сите граници!

Јаник Синер без многу напор стигна до полуфиналето на Мастерс турнирот во Рим. Зошто пробл…