Дома Трансфер зона Ќе доведе ли Јувентус ова лето тројца играчи од Реал Мадрид?

Ќе доведе ли Јувентус ова лето тројца играчи од Реал Мадрид?

Мадритски Реал спрема големи промени во текот на летото.

Претседателот Флорентино Перез најави многу заминувања и засилувања, а дури тројца фудбалери на Реал Мадрид би можеле да преминат во редовите на Јувентус.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Првиот секако е левиот бек Марсело. Фантастичниот Бразилец од поодамна се поврзува со „старата дама“, а пред неколку недели беше објавено дека постигнал договор.

Марсело беше во немилост на Солари, нема дилеми дека размислувал за заминување, но со враќањето на Зидан работите се променија.

Бразилецот го врати своето место во тимот, но шпанските медиуми и понатаму го поврзуваат со торинскиот гигант.

Не е Марсело единствениот играч кој би можел да тргне на патот кон Торино. Иско исто така беше желба на „старата дама“, но ситуацијата кај него и кај Марсело е скоро идентична, констатно се пишува за негово заминување.

Најголеми шанси за заминување сепак има Џејмс Родригез. Колумбиецот нема да го продолжи договорот со Баерн каде што ги помина претходните две сезони и ќе се врати во Реал.

Меѓутоа, ниту „кралевите“ немаат намера да го задржат. Неговите куфери се спремни и лесно би можело да се случи да заврши во редовите на шампионот на Италија.

Ќе потсетиме Реал веќе обезбеди едно засилување и тоа од 50 милиони евра, неодамна шпанскиот гигант го потврди трансферот на Едер Милитао од Порто.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Манчестер Јунајтед го сака дефанзивецот на Јувентус

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Жеилсон Бремер, прен…