Арсен Венгер и Жозе Мурињо немаат баш некоја почит еден кон друг и тој ривалитет ќе продолжи.
Финалето во Лигата на шампионите нема да помине без Жозе Мурињо и Арсен Венгер.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Тренерите кои водеа голема борба во Премиер лигата како тренери на Манчестер Јунајтед и Арсенал сега се слободни, но на некој начин ќе бидат дел од финалниот натпревар во Лигата на шампионите.
Мурињо и Венгер ќе бидат стручни коментатори на „беИН Спортс“ телевизијата која во живо ќе го пренесува финалето во Лигата на шампионите помеѓу Ливерпул и Тотенхем.
Двајцата ќе бидат на стадионот „Ванда Метрополитано“ и ќе водат дебата за самиот натпревар.
Ќе виде интересно, имајќи ги превид нивните судири од минатото. Мурињо го нарече Венгер „специјалист за неуспех“ уште во 2014 година, а сигурно се сеќавате на нивниот близок контакт пред две години кога малку недостасуваше да дојде до физички контакт помеѓу двајцата стратези.