Дома Трансфер зона Њукасл може да добие засилување од Реал Мадрид

Њукасл може да добие засилување од Реал Мадрид

Oд кога премиерлигашот Њукасл доби нови газди кои сакаат да инвестираат во засилувања клубот се поврзува со разни имиња.

Една од желбите на Њукасл е Марко Асенсио кој не е задоволен од својата минутажа во Реал Мадрид и сака да си замине. Сега како негова можна дестинација се споменува „Сент Џејмс Парк“.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Асенсио има договор до јуни следната година, а Реал за негов трансфер бара меѓу 25 и 30 милиони евра. Тоа е сума која сигурно не е проблем за богатите газди на премиерлигашот.

Летово Њукасл веќе се засили со Свен Ботман, Мет Таргет, Ајзак Хеден и голманоит Ник Поуп. На нив потроши околу 70 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

„Бомба“ од Италија: Рома сака големо засилување од Јувентус

Eкипата на Рома предводена од Даниеле де Роси наводно покажала голем интерес за доведување…