Дома Фудбал Англија Њукасл испрати богата понуда до Тен Хаг и доби „корпа“

Њукасл испрати богата понуда до Тен Хаг и доби „корпа“

Премиерлигашот Њукасл се обидел да го донесе тренерот на Ајакс, Ерик Тен Хаг, пренесуваат англиските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Њукасл со доаѓањето Мохамед Бин Салман стана најбогат клуб на светот и сака да направи тим со кој ќе почне да освојува трофеи.

Реконструкцијата започна од тренерот, Стив Брус доби отказ, па сега клубот бара етаблирано тренерско име.

Токму поради тоа на Ерик Тен  Хаг му бил понуден договор тежок 13 милиони евра по сезона, но Холанѓанецот ја одбил понудата.

Тој е во Ајакс од 2017-та година и два пати беше шампион на Холандија, а претходно одби понуди и од други европски клубови.

Њукасл моментално е без тренер, но и без победа, па се наоѓа на 19-то место во Премиер лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Кој е Брајан Сипенга, поради кого Англичаните стравуваа 90 минути?

Англија се пласираше во осминафиналето на Светското првенство со победа која ја обезбедија…