Раководството на Јувентус донесе одлука да го откупи договорот на Франциско Консеисао, пишува „Газета дело спорт“.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Крилниот напаѓач ова лето пристигна од Порто како позајмен фудбалер, но веднаш се наметна во тимот на Тиаго Мота.
Во Јувентус се задоволни од игрите на Консеисао и донеле одлука да го откупат, па постигнале и договор со Порто за трансфер вреден 30 милиони евра.
Консеисао, кој на 14 декември ќе наполни 22 години, има два гола и пет асистенции во досегашните 13 настапи за Јувентус.