Дома Трансфер зона Јувентус ја сака ѕвездата на Лион

Јувентус ја сака ѕвездата на Лион

Раководството на Јувентус покажува сериозен интерес за крилниот напаѓач на Лион, Рајан Черки, пренесува „Калчомеркато“.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Черки е офанзивен фудбалер кој може да игра и како плејмејкер, но и по крилните позиции. Тој е продукт на школата на Лион и важи за најголем француски талент во моментов.

Лион има финансиски проблеми и ги стави сите фудбалери на продажба, па Јувентус сака да ја искористи таквата ситуација.

Меѓутоа, конкуренцијата за потписот на 21-годишниот фудбалер е голема бидејќи интерес за него покажуваат уште ПСЖ, Милан и Ливерпул.

„Старата дама“ сака да го засили нападот во јануари и веќе стапиле во контакт со агентот на Французинот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…