Раководството на Манчестер Јунајтед има нова трансфер цел за засилување на средниот ред, а станува збор за ѕвездата на Лидс, Келвин Филипс.
Прва желба на „црвените ѓаволи“ беше Даклан Рајс од Вест Хем, но неговата цена го натера Јунајтед да се откаже.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Сега „црвените ѓаволи“ ќе се насочат кон друг англиски репрезентативец, Келивин Филипс од Лидс, кој игра одлично и го привлече вниманието на многу премиерлигаши.
Соскјер сака да го засили средниот ред бидејќи Ван де Бек се покажа како промашување, а Матиќ е на залез на кариерата.
Притоа, неизвесна е иднината на Погба на „Олд Трафорд“, па „црвените ѓаволи“ веруваат дека Филипс е човек кој може да ги реши проблемите во средниот ред.