За Манчестер Јунајтед не е ништо ново да потроши голема сума на некој фудбалер, но последните информации се навистина чудни.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Англиски „Сан“ пишува дека Јунајтед спремил понуда од 30 милиони фунти за да го доведе 16 годишниот фудбалер на Бирмингем Џуд Белингем.
Белингем има само 16 години и зад себе 25 настапи во Чемпионшип и Лига Купот од почетокот на сезоната, постигна четири гола и запиша една асистенција.
За овој млад фудбалер оваа сезона е прва во професионалниот фудбал, а покрај Јунајтед го привлече вниманието уште на Ливерпул, Арсенал и Манчестер Сити. Редовно настапува за повозрасните селекции на Англија, па наскоро се очекува да го видиме и во онаа до 21 година.