Дома Трансфер зона Јунајтед под притисок да го продаде Погба, Раиола преговара со ПСЖ

Јунајтед под притисок да го продаде Погба, Раиола преговара со ПСЖ

Манчестер Јунајтед е ставен под сериозен притисок да го продаде Погба ова лето, пренесуваат медиумите на Островот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Погба влезе во последната година од договорот и одбива да ја продолжи соработката, а интерес за него покажува ПСЖ.

Мино Раиола имал средба со претседателот на „светците“ Насер Ал Келаифи и ги договориле личните услови за Погба, па сега ПСЖ спрема понуда за Јунајтед.

Јунајтед е ставен пред „свршен чин“ и ќе мора да го продаде Погба бидејќи следното лето ќе си замине без пари.

ПСЖ веќе спремил понуда од 50 милиони евра, но „црвените ѓаволи“ за слободата на Французинот бараат помеѓу 70 и 80 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…