Пред неколку дена се појави вест дека некој клуб понудил 100 милиони евра за Ансу Фати.
Подоцна беше откриено дека Манчестер Јунајтед бил клубот кој за Фати понудил вртоглави 100 милиони евра, меѓутоа понудата била експресно одбиена.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Каталонски „Спорт“ тврди дека Манчестер Јунајтед не се откажува од намерата да го донесе Ансу Фати на „Олд Трафорд“, и покрај фактот што првата понуда беше одбиена.
„Црвените ѓаволи“ наводно спремаат нова понуда за тинејџерот и таа ќе биде повисока од 100 милион евра.
Откупната клаузула на 17-годишниот талент изнесува 170 милиони евра, но Јунајтед не е спремен да ја плати таа сума.
Сепак, англиските медиуми тврдат дека новата понуда на „црвените ѓаволи“ со вклучени бонуси може да достигне до 125 милиони евра.