Зимскиот преоден рок штотуку заврши, а веќе се прават планови за следниот трансфер прозорец.
Англиските медиуми пренесуваат дека двата клуба од Манчестер се силно заинтересирани за ѕвездата на Јувентус, Даглас Коста.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Бразилецот оваа сезона не игра на своето препознатливо ниво, постигна само еден гол и две асистенции на 23 меча за „бјанконерите“, но не игра редовно и најчесто влегува од клупата за резерви.
Даглас Коста не е задоволен од својот статус во Јувентус и е спремен да се пресели во Премиер лигата, а клубовите од Манчестер ќе се „тепаат“ за неговиот потпис.
Сепак, „бјанконерите“ нема лесно да се откажат од својата ѕвезда и за неговата слобода бараат 80 милиони евра.