Златан Ибрахимовиќ го напушти Манчестер Јунајтед и се пресели во ЛА Галакси, а на скаутите на клубот од „Олд Трафорд“ на око им падна момчето кое веќе го споредуваат со Швеѓанецот, но и со најдобриот англиски напаѓач, Хари Кејн.
Станува збор за младиот напаѓач на Норвич, Адам Идах. Ова момче настапува за У18 екипата на „канаринците“ и до сега постигна четири гола на 12 настапи во У18 Премиер лигата. Сепак, не е се во статистиката, скаутите на голем број европски клубови му предвидуваат голема динина.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Calcio Mercato“ наведува дека Ирецот му паднал на око на Жозе Мурињо кој во него гледа голема идна ѕвезда. Идах има импресивен учинок во У17 репрезентацијата на Ирска, постигна 12 гола на 13 настапи, па можеби токму поради тоа го споредуваат со голем број на фудбалски ѕвезди.