Јувентус е во потрага по квалитетно засилување за средниот ред, а најнова мета на „бјанконерите“ е Тиаго Алкантара од Ливерпул.
Во Ливерпул веќе пристигнаа Алексис Мекалистер и Доминик Собослај, а се очекува Клоп да донесе уште еден играч за врска до крајот на преодниот рок.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Алкатара минатата сезона пропушти голем дел поради повреда, па го загуби местото во првиот тим, но сепак е многу важен во тимот на „црвените“.
Со оглед на фактот дека Ливерпул нема да игра во Лигата на шампиони самиот Алкантара е спремен да ја промени средината и да започне нова авантура.
Таквата ситуација сака да ја искористи Јувентус кој веќе стапил во контакт со агентот на Шпанецот, но сепак последниот збор ќе го има Клоп.