Пол Погба доби намалување на суспензијата, па ќе може да се врати на терените на почетокот на следната година.
Меѓутоа, за него нема повеќе место во Јувентус па ќе може слободно да си бара нов клуб и тоа е јасно по пораката на директорот Кристијано Џунтоли.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Нашиот став е јасен. Погба беше одличен играч, долго време беше надвор од терените и минатата година бевме принудени да инвестираме во други играчи. Така, сега тимот е комплетен каков што е“, истакна Џунтоли.
Јувентус ќе го ослободи да замине без обештетување како слободен играч уште во јануари.