Дома Фудбал Лига на шампиони Јувентус утре ќе игра со тројца напаѓачи, а сигурен е само – Игуаин!

Јувентус утре ќе игра со тројца напаѓачи, а сигурен е само – Игуаин!

Јувентус се припрема за утрешниот спектакл на „Сантијаго Бернабеу“ каде што ќе се обиде да го надополни огромното заостанување од 0:3 против Реал Мадрид.

Тренерот на „старата дама“ Масимилијано Алегри на денешната конференција за медиумите откри дел од плановите за реваншот.

Новинарите го запрашаа Алегри со каков систем ќе го започне натпреварот, а Италијанецот даде јасен одговор.

„Ќе започнеме со тројца напаѓачи, тоа е сигурно. Единствен кој е сигурен е Гонзало Игуаин, а ќе играат двајца од Манџукиќ, Квардадо и Даглас Коста“.

„Не мислам дека можеме да го свртиме натпреварот после 20 минути. Мораме да играме како да е 0:0 и ќе видиме на крајот како се ќе се заврши. Реал има искуство и знам дека ќе биде тешко, но нема да се откажеме пред време“, изјави Алегри.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Руни му се закани на Керол со тужба: Тоа што го пишува се измислици!

Во автобиографијата „Owning It“, некогашната ѕвезда на Ливерпул, Њукасл и Вест Хем, членот…