Младиот бразилски репрезентативец Лукас Пакета важи за еден од најглемите таленти во Јужна Америка и фудбалер на кого му се предвидува блескава иднина.
Станува збор за 20-годишен офанзивен играч за врска кој со своите партии во дресот на Фламенго го привлече вниманието на многу европски гиганти.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Според извештаите на бразилските медиуми неговата иднина најверојатно ќе биде во Јувентус, бидејќи италијанскиот шампион покажува најконкретен интерес.
Пакета има договор со Фламенго до 2020 година и откупна клаузула од 48 милиони евра. Бразилскиот клуб не сака да преговара за помала сума од наведената, па „старата дама“ е спремна да ја плати откупната клаузула.