Дома Фудбал Јувентус сепак размислува да го отпушти Алегри?

Јувентус сепак размислува да го отпушти Алегри?

Навивачите на Јувентус не се задоволни од играта на тимот под водство на Масимилијано Алегри и бараа негово заминување, но клубот засега има доверба во него.

Пред завршувањето на сезоната од Јувентус истакнуваа дека имаат доверба во Алегри, но сега се пишува дека во клубот го смениле мислењето. Новинарот Маурицио Писточи објави дека Јувентус размислува да му даде отказ на италијанскиот стратег.

Алегри во Јувентус се врати во мај 2021 година и потпиша договор до јуни 2025 година, а претходно го водеше клубот од 2014-та до 2019-та година.

Сезонава Јувентус го освои седмото место и не избори настап во Лигата на шампионите, но црно-белите беа казнети и со одземени десет бода.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ривалот на Хајдук загрева со „петарда“, но во Европа е без бод

Линколн Ред Импс го пречекува Хајдук по убедливи 5:0 во домашното првенство. Гибралтарскио…