Адриен Рабио влезе во последната година од договорот и најверојатно на лето ќе го напушти Јувентус како слободен агент.
Иако до сега немаше најави за продолжување на соработката, сепак после одличниот Мундијал Алегри сака да го задржи Французинот во своите редови.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Старата дама“ сега му нуди на Рабио нов договор тежок осум милиони евра по сезона. Седум ќе бидат исплатени како годишна плата додека дополнителниот еден милион како бонус.
Неофицјално постои голема веројатност Рабио да ја одбие и оваа понуда од Јувнетус бидејќи тој бара годишна плата од 10 милиони евра.
Притоа, има неколку клубови од Премиер лигата кои се спремни да ги задоволат неговите финансиски барања.