Дома Трансфер зона Јувентус сакаше да ја „украде“ ѕвездата на Рома – играчот кажа НЕ

Јувентус сакаше да ја „украде“ ѕвездата на Рома – играчот кажа НЕ

Јувентус се обиде со истиот рецепт од минатата година.

Имено, како што пишуваат италијанските медиуми сакаат да ја повторат ситуацијата со Пјаниќ и Игуаин, да ја платат клаузулата и да ги ослабат ривалите. Станува збор за Кевин Стротман од Рома чија клаузула е 45 милиони. Холанѓанецот по тешката повреда успеа да се опорави и да одигра одлична сезона.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Јувентус бара играч за врска, Н`Зонзи чини 40 милиони, Матуиди е опција, но по Алегри е престар, па се споменуваат уште неколку играчи. Стротман скокна како изненадување, беше до трансфер на летото, но Холанѓанецот не сака да ја издаде Рома која му пружи поддршка и му даде нов договор, по тешките повреди на коленото.

Се останатото е само намерата на шампионот, кој ја завршува работата околку Кеита од Лацио, но и има намера да го продаде Квадрадо за 30 милиони евра.

Денеска си заминува Лемина, од него Јуве ќе заработи 20 милиони евра, колку што и им плати на Саутемптон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал се вклучи во трката за Бруно Гимараеш

Реал Мадрид се вкучи во трката за потписот на плејмејкерот на Њукасл, Бруно Гимараеш. 26-г…