Раководството на Јувентус е спремно да се раздели со дефанзивецот Матијас де Лихт на крајот на сезоната, пренесуваат италијанските медиуми.
Менаџерот неодамна и јавно потврди дека дефанзивецот сака да го напушти Јувентус на крајот на сезоната.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
На „старата дама“ воопшто не и се допаѓа таквата ситуација и донесе одлука да го продаде дефанзивецот на крајот на сезоната.
Притоа, Јувентус сака со неговата продажба да го финансира трансферот на Душан Влаховиќ, кој за 75 милиони евра ќе се пресели во Торино.
Финансиската ситуација во клубот не е добра, па „бјанконерите“ веруваат дека истата сума ќе ја добијат од продажбата на Де Лихт и така ќе го финансираат трансферот на Влаховиќ.