Јувентус и Баерн Минхен имаат одлична соработка во последните години, а таа може да продолжи и ова лето.
Минатото лето Јувентус го донесе од Минхен Даглас Коста на позајмица, но „бјанконерите“ веќе го откупија неговиот договор.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Италијанските медиуми тврдат дека „старата дама“ сака ова лето да донесе уште еден фудбалер на Баерн, а станува збор за Хуан Бернарт.
Шпанецот оваа сезона добива мала минутажа, па и самиот сака да ја промени средината, иако е во Минхен од 2014 година.
Јувентус е во потрага по лев бек, бидејќи најверојатно ќе се раздели со Алекс Сандро, па во Бернарт гледаат идеален заменик за Бразилецот.
Моменталната цела на Бернарт изнесува околу 15 милиони евра, што нема да претставува проблем за „старата дама“.