Масимилијано Алегри има договор со Јувентус до 2020. година и е еден од најуспешните тренери на „Старата дама“.
Сепак тој е еден од главните кандидати за местото тренер на Арсенал, па не е невозможно Јувентус да бара нов тренер. Јувентус се уште не ја освои математички титулата, а за тоа им недостига уште само еден бод. Тогаш управата ќе зборува со Алегри кој е меѓу кандидатите за клупата на Арсенал.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Алегри претходно зборуваше дека нема причина да си оди од Јуве бидејќи има договор до 2020. година, но исто така изјави дека новата работа ќе му биде некоја која не е од Италија. Еден од управата на торинскиот клуб, Џузепе Марота изјави дека се надева дека клубот ќе го убеди успешниот тренер да остане.
„Имаме добар однос со Алегри. Тој однос функционира и функционираше добро. По освојувањето на Скудетото ќе разговараме и мислам дека двете страни ќе бидат задоволни. Математиката се уште не дозволува да ја славиме титулата и мораме да бидеме реални. Чувствуваме дека титулата е тука, но ни недостига тој бод“, изјави Марота.