Дома Топ вести Јувентус не се откажува од Заниоло

Јувентус не се откажува од Заниоло

Италијанскиот шампион Јувентус веќе почна да работи на засилување на тимот за следната сезона.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Една од главните цели на „старата дама“ ова лето ќе биде младата ѕвезда на Рома, Никола Заниоло.

Јувентус и минатото лето го сакаше Заниоло, кој важи за еден од најголемите италијански таленти, но тогаш Рома ги одби сите понуди.

„Бјанконерите“ се надеваат дека ќе ги искористат финансиските проблеми на „волчицата“ и се спрмени да понудат 50 милиони евра за 21-годишниот Италијанец.

Рома е спремна да го продаде својот „бисер“ но сака повеќе пари бидејќи 15% од трансферната сума ќе заврши во касата на Интер.

Многу други клубови, меѓу кои и Реал Мадрид, ја следат ситуацијата на Заниоло, но Јувентус е најконкретен и веќе почнал да работи на трансферот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…