Кристиано Роналдо е еден од најплатените фудбалери во светот, Јувентус го плаќа 31 милион евра годишно.
Во редовите на Јувентус Роналдо стигна летото 2018 година за 100 милиони евра од Реал Мадрид и потпиша договор до крајот на наредната сезона. „Старата дама“ се согласи на условите на Португалецот верувајќи дека ќе ги одведе до титулата во ЛШ, но тоа се уште не се случило.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
На Роналдо во Јувентус не му оди како што се очекуваше, „старата дама“ три пати прерано испаѓаше од Лигата на шампионите, а токму Роналдо добиваше најмногу критики поради тоа.
Во последно време многу се пишува дека Јувентус сака да го продаде за да се ослободи од неговата голема плата. Роналдо е далеку најплатен играч во Серија А со 31 милион евра по сезона.
Италијанските медиуми одлучија тимот на Јувентус да го споредат со екипата на Аталанта која во овој момент е четврта на табелата во Серија А и има само еден бод помалку од третопласираниот Јувентус.
Јувентус после девет години изгледа ќе остане без Скудетото и на лето се очекуваат промени во играчкиот кадар.
„Ла Стампа“ денес објави дека заминување на Роналдо би било добро за Јувентус затоа што така црно-белите би заштедиле 31 милион евра, сума која е повеќе отколку што Аталанта троши на сите свои играчи заедно.
Најплатен во Аталанта е Дуван Запата кој годишно инкасира 1.8 милиони евра по сезона. Јувентус на плати на играчите троши 236 милиони евра.