Дома Топ вести Јувентус најде замена за Дибала

Јувентус најде замена за Дибала

Пауло Дибала сигурно го напушта Јувентус на крајот на сезоната, па „бјанконерите“ веќе почнаа да бараат негова замена.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Италијанските медиуми пренесуваат дека прва желба на Јувентус е ѕвездата на Рома и италијански репрезентативец, Николо Заниоло.

Заниоло одбива да го потпише нов договор со „волчицата“, па тоа ќе ја натера Рома сериозно да размисли да го продаде на лето.

Според „Спортиталија“ Јувентус веќе стапил во контакт со неговиот агент и Заниоло ќе биде примарна трансфер цел на „бјанконерите“ на лето.

Рома сигурно нема лесно да се откаже од својот „бисер“, па за неговата слобода Јувентус ќе треба да понуди најмалку 40 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…