Веќе не е тајна дека Јувентус покажува силен интерес за левиот бек на Реал Мадрид, Марсело, кој пак е на излезна врата од „Сантиаго Бернабеу.
Денешното издание на „Тутоспорт“, весник кој е близок до Јувентус, тврди дека „старата дама“ е спремна да му понуди на Реал Мадрид размена, така што на „Сантиаго Бернабеу“ да го испрати Алекс Сандро.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Договорот на Марсело со Реал Мадрид истекува во 2022 година и неговата пазарна вредност во моментов изнесува околу 70 милиони евра. Од друга стана Сандро има договор со Јувентус до 2023 година и е проценет на околу 50 милиони евра.
ALEX SANDRO
Jugador de la Juventus.
La posible llegada de Marcelo al club italiano podria facilitar su salida. pic.twitter.com/sx2gw2SMT6— Real Madrid C.F. (@madridismo9) February 20, 2019
Шпанските медиуми пренесуваат дека Марсело вчера имал состанок со директорот Хозе Антонио Санчез и официјално побарал да биде ставен на трансфер листа.
„Кралевите“ веќе почнале да му бараат замена на Бразилецот, па поради тоа голема е веројатноста Реал да ја прифати понудата на Јувентус за трампа на левите бекови.
Марсело иако важи за еден од најдобрите леви бекови во светот, оваа сезона игра под своите можности, па навивачите на „кралскиот“ клуб се лути на Бразилецот, кој од доаѓањето на Солари како да заборави да игра фудбал.
Како што сега стојат работите, Солари ќе го испрати Марсело на клупата, а на неговото место шанса ќе добие младиот Серхио Регулион, кој дефанзивно е многу поодговорен од искусниот колега.
Со Регулион Реал ги победи Атлетико и Ајакс во важните натпревари, додека со Марсело Реал е многу послаб во одбраната. Сето тоа придонесе Бразилецот да донесе одлука за напуштање на Реал Мадрид после цели 12 години.