Јувентус во јануари го донесе Душан Влаховиќ, но на лето сака да донесе уште еден напаѓач кој ќе може да биде партнер на Србинот.




Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Мората најверојатно нема да биде откупен, иднината на Дибала е неизвесна, па „бјанконерите“ ја започнаа потрагата по нов напаѓач.




На врвот на листата желби е Александре Лаказет, кој на крајот на годината ќе го напушти Арсенал како слободен агент.




Договорот на Лаказет истекува на крајот на сезоната, па Јувентус веќе стапил во контакт со неговиот агент и сака да го донесе без обештетување.
Наводно Французинот е спремен да прифати помала плата за да се пресели во Серија А.