Јувентус во зимскиот преоден рок сака да ја засили одбраната и приоритет е доведување на еден централен дефанзивец.
Италијанските медиуми пренесуваат дека прво име на списокот на Алегри е српскиот репрезентативец Страхиња Павловиќ.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
21-годишниот дефанзивец игра одличо во Салцбург, а Јувентус е спремен да понуди 25 милиони евра за неговиот потпис.
Павловиќ пристигна во Салцбург од Монако за 10 милиони евра, но неговата цена драстично порасна со неговите одлични настапи.
Доколку се реализира овој трансфер Павловиќ ќе им се придружи на своите сонародници Костиќ и Влаховиќ во Торино.