Дома Трансфер зона Јувентус и Челзи спремаат интересна размена

Јувентус и Челзи спремаат интересна размена

Тимовите на Јувентус и Челзи спремаат интересна размена на леви бекови, пренесува „Газета дело Спорт“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Јувентус е заинтересиран за Емерсон Палмери, а во спротивна насока може да го испрати Рожерио, кој оваа сезона има одлични настапи во Сасуоло, каде игра како позајмен фудбалер.

Јувентус овој месец ќе се раздели со Леонардо Спинацола, кој треба да замине на позајмица во Болоња, па бара негова замена.

Тренерот Алегри смета дека Емерсон Палмери ќе биде идеална замена за Алекс Сандро, со оглед дека добро ја познава Серија А од времето кога играше за Рома.

Јувентус е спремен да го испрати Рожерио во Лондон и да доплати 10 милиони евра за потписот на Палмери.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…