Јувентус ја активираше клазулата и Федерико Киеза повеќе не е на позајмица во Фиорентина.
Италијанскиот репрезентативец се придружи на „старата дама“ како позајмен играч во 2020 година со можност за откуп на неговиот договор на крајот од оваа сезона.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Според пишувањето на медиумите на Апенините еден од условите за траен откуп на неговиот договор е пласманот во Лигата на шампионите. Јувентус место во топ 4 обезбеди на три кола пред крајот на шампионатот.
За позајмица на Киеза Јувентус плати 10 милиони евра и ќе плати дополнителни 40 милиони евра за неговиот откуп да биде траен. Овој 24-годишник постигна 18 голови на 61 натпревар за Јувентус. Во овој момент Киеза е надвор од терените поради тешката повреда на коленото.
На три кола пред крајот Јувентус е четврти со 69 бодови, еден помалку од третопласираниот Наполи, шеест помалку од Интер и осум помалку од водечкиот Милан. Лацио и Рома на петтата и шестата позиција заостануваат 10 бода зад Јувентус.