Дома Трансфер зона Јувентус и Наполи спремаат голема трампа

Јувентус и Наполи спремаат голема трампа

Напаѓачот на Наполи, Аркадиуш Милик ова лето најверојатно ќе ја промени средината, а може да ја продолжи кариерата во големиот ривал Јувентус, пренесуваат италијанските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Милик ова лето влегува во послесната година од договорот, па Наполи ќе мора да го продаде, а Јувентус сака да ја искористи таквата ситуација.

Тренерот на „бјанконерите“ Маурицио Сари одлично го познава Милик и смета дека одлично би се вклопил во триото со Роналдо и Дибала во нападот.

Италијанските медиуми тврдат дека Милик веќе се договорил со Јувентус, па останува уште клубовите да најдат заеднички јазик.

Наполи во замена за Милик го сака Бернардески, кој е на излезна врата од Јувентус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…