Ѕвездата на Фиорентина и италијански репрезентативец Федерико Киеза е на радарот на големите ривали од Серија А, Интер и Јувентус.
20-годишниот Киеза игра уште една одлична сезона и веќе се етаблираше во еден од најголмите таленти на Апенините.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Јасно е дека наскоро Киеза ќе сака да направи исчекор во кариерата, па Јувентус и Интер веќе ја започнаа трката по неговиот потпис.
„Виолетовите“ сигурно нема лесно да се откажат од својот бисер и за неговиот потпис ќе бараат 50 милиони евра.
Јувентус нема да има проблем да ја плати оваа сума, додека Интер во Киеза гледа идеална замена за Перишиќ и е спремен да го продаде Хравтот за да го финансира трансферот.
https://youtu.be/XBBATCFRVmc