Дома Трансфер зона Јувентус и Интер се борат за потписот на Толисо

Јувентус и Интер се борат за потписот на Толисо

Италијанските медиуми пренесуваат дека Јувентус и Интер се сериозно заинтересирани за играчот на Баерн Минхен и француски репрезентативец, Корентин Толисо.

25-годишниот играч за врска минатата сезона подолго време беше надвор од терените поради повреда на коленото, оваа сезона често добива шанса за настап, но Баерн е спремен да го стави на продажба на крајот на сезоната.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Толисо пристигна на „Алијанц Арена“ во 2017 година од Лион за 40 милиони евра, а Баерн планира да ја врати приближно вложената сума.

Јувентус и Интер се спремни да ја платат таа сума и веќе ја започнаа трката за потписот на Французинот, кој од следната сезона најверојатно ќе игра во Серија А.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Абердин ја одредил цената за Миовски

Македонскиот голгетер Бојан Миовски во летниот преоден рок дефинитивно ќе биде интересен з…