Душан Влаховиќ одби да го продолжи договорот со Фиорентина и јасно е дека наскоро ќе ја промени средината.
21-годишниот голгетер го привлече вниманието на многу европски гиганти и има многу понуди, а најсилен интерес за него покажува Јувентус.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Јувентус во моментов е далеку од Топ 4, но без разлика дали ќе избори пласма за ЛШ, сака по секоја цена да го донесе Влаховиќ во своите редови.
Фиорентина веќе ја постави цената и за неговата слобода бара 70 милиони евра, па „бјанконерите“ прават план како да го финансираат трансферот.
Алегри не е задоволен од Артур и Рамзи, а Мората сигурно заминува на крајот на сезоната. Тројцата имаат плата од околу 20 милиони евра, па Јувентус планира тој буџет да го искористи за Влаховиќ.
Ако Јувентус се ослободи од споменатите фудбалери, ќе има буџет да понуди 70 милиони евра за Србинот.