Oливие Жиру не е во плановите на Френк Лампард за оваа сезона и се очекува францускиот напаѓач да ја промени средината во јануари.
Пред Жиру шанса добива Абрахам, но и некои други фудбалери, а такво нешто пред почетокот на сезоната напаѓачот сигурно не очекуваше. Претходно се пишуваше дека Интер е сериозно за интересиран да го доведе во своите редови, освен тоа се поврзуваше и со Ренџерс каде што тренер е Џерард.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Денес се појави нов потенцијален кандидат за доведување на Жиру и тоа е Јувентус.
Ова е по малку изненадувачка вест на Италијанците затоа што „Тутоспорт“ буквално до вчера тврдеше дека „старата дама“ има договор со Халанд кој на крајот потпиша за Борусија Дортмунд.
И ако се случи Жиру навистина да дојде во Јувентус никој не очекува дека тој ќе биде во прв план.