Дома Трансфер зона Јувентус за 30 милиони носи две големи засилувања

Јувентус за 30 милиони носи две големи засилувања

Јувентус е познат по добрата трансфер политика и по тоа што за мали пари успева да донесе врвни засилувања во своите редови.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Италијанските медиуми прнесуваат дека „бјанконерите“ се на добар пат да донесат двајца врвни играчи за врска за само 30 милиони евра и да го комплетираат средниот ред.

Станува збор за Емре Чан од Ливерпул, кој најверојатно ќе пристигне во Торино без обештетување, како слободен агент, и Лоренцо Пелегрини од Рома.

Пелегрини е желба на Јувентус и нема да има проблем да го донесе во Торино, бидејќи италијанскиот репрезентативец има откупна клаузула од 30 милиони евра.

Со овие двајца фудбалери Јувентус ќе го подмлади и комплетира средниот ред, а би требало да бидат замена за Маркизио и Кедира.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…