Дома Трансфер зона Јувентус замената за Игуаин ја најде во Наполи

Јувентус замената за Игуаин ја најде во Наполи

Напаѓачот на Наполи, Аркадиуш Милик ова лето најверојатно ќе ја промени средината, а може да ја продолжи кариерата во големиот ривал Јувентус, пренесува „Тутоспорт“.

Милик ова лето влегува во послесната година од договорот, па Наполи ќе мора да го продаде, а Јувентус сака да ја искористи таквата ситуација.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тренерот на „бјанконерите“ Маурицио Сари одлично го познава Милик и смета дека одлично би се вклопил во триото со Роналдо и Дибала во нападот.

Оваа сезона Милик одигра 16 меча за Наполи на кои постигна 9 гола во Серија А, а Наполи за неговиот потпис бара помеѓу 30 и 40 милиони евра.

Јувентус е спремен да ја плати оваа сума бидејќи смета дека полскиот напаѓач ќе биде идеален наследник на Игуаин, кој е на излезна врата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Тијаго Силва го напушта Челзи, веќе го избрал и новиот клуб

Бразилскиот дефанзивец, Тијаго Силва според последните информации ја игра последната сезон…