Дома Трансфер зона Јувентус до крајот на јуни мора да продаде за 100 милиони

Јувентус до крајот на јуни мора да продаде за 100 милиони

Италијанскиот шампион Јувентус е во големи финансиски проблеми и годината ја заврши со минус од 113 милиони евра.

Италијанските медиуми пренесуваат дека „бјанконерите“ до крајот на јуни мораат да продадат играчи за 100 милиони евра за да ги „испеглаат“ финансиите во клубот.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Неколку играчи се поврзуваат со заминување од Јувентус, а се очекува клубот најголема заработка да оствари од продажбата на Пауло Дибала, чија цена изнесува 50 милиони евра.

На излезна врата се уште Бернардески, Рамзи и Рабио, па Јувентус не би требало да има проблем да обезбеди 100 милиони евра.

Интерес постои и за Кулушевски, но „старата дама“ не сака да го продаде младиот фудбалер и сигурно ќе му даде уште една шанса.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Англиските гиганти се „тепаат“ за Керкез

Манчестер Јунајтед, Челзи и Ливерпул се силно заинтересирани и ќе водат голема битка за ѕв…