Брајан Рејнлодс ја прифати понудата од Јувентус и во наредните денови се очекува и официјално да стане нов играч на актуелниот шампион на Италија.
Јувентус на Далас за талентираниот фудбалер ќе му плати сума од 8.5 милиони евра, а играчот ќе потпише договор до 2025 година. Како што пренесува новинарот, Николо Шира Рејнлодс прво ќе биде позајмен во Каљари до крајот на сезоната.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
19 годишниот млади американски репрезентативец игра на позицијата десен бек и во последно време се поврзуваше со многу клубови, но изгледа дека Јувентус бил најконкретен.
Ќе потсетиме во Јувентус веќе игра еден Американец, Винстон Мекени кој дојде на почетокот на оваа сезона и може да се каже да дека прикажува солидни настапи.