Младиот албански дефанзивец Мараш Кумбула воодушеви со настапите во дресот на Верона.
Овој 20 годишен дефанзивец сезонава до прекинот на Серија А одигра 18 натпревари и постигна еден гол. Кумбула го привлече вниманието на многу клубови од цела Европа, но медиумите во Италија тврдат дека е позната неговата следна дестинација.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Ла Стампа“ утрово објави дека Кумбула се договорил со Јувентус и на крајот на оваа сезона ќе ја засили „старата дама“. Верона од неговиот трансфер ќе заработи околу 32 милиони евра што сигурно за нив е одлична сума.
Кумбула во изминатиот период се поврзуваше со многу тимови меѓу кои се Манчестер Јунајтед, Лацио, Наполи, Интер, Челзи и Арсенал, меѓутоа на крајот изгледа се решил за Јувентус.
Се најавува дека со Јувентус ќе потпише договор на пет години, а во Јувентус ќе пристигне по завршувањето на оваа сезона.