Јувентус ова лето спрема реконструкција и подмладување на одбраната, а главна мета на „бјанконерите“ ќе биде дефанзивецот на ПСЖ, Маркињос.
„Светците“ поставија цена од 60 милиони евра за Бразилецот, но Јувентус е спремен да предложи трампа. Имено, позанто е дека Парижаните го сакаат Пјаниќ и тоа веќе долго време, Босанецот би можел да се пресели во Париз, играше за Мец и Лион во Франција и секако би имал поголема плата од сегашните 6 милиони евра по сезона, колку што зема во Јувентус.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Јуве во спротивна насока бара да пристигне Маркињос кој во Италија своевремено играше во дресот на Рома. Според информациите на „Газета дело Спорт“, Бразилецот нема ништо против, но последниот збор го има Томас Тухел.
Маркињос за четири години е помлад од Пјаниќ, но има и една година помалку во договорот. Јувентус би доплатил мала сума за одличниот стопер со што веројатно би го решил најтешкото прашање ова лето. Де Лихт е невозможна мисија, Јуве веќе го купи Ромеро од Џенова, Демирела од Сасуоло, но проблем е што клубот смета дека тие се уште не се подготвени за најголемата сцена.