Алваро Мората синоќа влезе во вербална расправија и тоа веројатно е крај за него во Јувентус.
Мората е на позајмица од Атлетико Мадрид, а италијанските медиуми тврдат дека Јувентус одлучил да не го откупи и веќе ја започнал потрагата по нов напаѓач.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Прва цел во зимскиот преоден рок ќе биде Влаховиќ, но Фиорентина не попушта и за неговата слобода бара 70 милиони евра.
Како алтернатива се споменува Едисон Кавани, кој е на излезна врата од Манчестер Јунајтед. Уругаецот се поврзува со трансфер во Барселона, но Јувентус сака да го „укарде“ пред Каталонците.