Дома Трансфер зона Јувентус го продаде Перин во Бенфика

Јувентус го продаде Перин во Бенфика

Голманот на Јувенѕтус и италијански репрезентативец Матија Перин синоќа пристигна во Лосабон, а во текот на денот се очекува и официјално да потпише договор со Бенфика.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Португалскиот гигант постигна договор со „старата дама“ и за потписот на 26-годишниот голман ќе плати 15 милиони евра.

Перин денес треба да ги мине лекарските прегледи, а потоа ќе стави потпис на 5-годишен договор со лисабонските „орли“.

Италијанецот го напушта Јувентус после само една година, откако минатата сезона ја помина како втор избор и резерва на Шчешни.

Со враќањето на Џиџи Буфон во Јувентус, јасно беше дека за него нема место во тимот, па се одлучи кариерата да ја продолжи во Португалија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…