Дома Трансфер зона Јувентус го продава Де Лихт, позната и цената

Јувентус го продава Де Лихт, позната и цената

Раководството на Јувентус е спремно да се раздели со дефанзивецот Матијас де Лихт на крајот на сезоната, пренесуваат италијанските медиуми.

Мино Раиола веќе крои планови да му најде нов клуб што поскоро и на лето Холанѓанецот да направи голем трансфер.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Менаџерот неодамна и јавно потврди дека дефанзивецот сака да го напушти Јувентус на крајот на сезоната.

На „старата дама“ воопшто не и се допаѓа таквата ситуација и донесе одлука да го продаде дефанзивецот на крајот на сезоната.

Италијанскиот клуб е спремен да слушне понуди од заинтересираните клубови, но нема да го продаде за сума помала од 65 милиони евра.

Интерес за Холанѓанецот покажуваат Барселона, Баерн Минхен и неколку клубови од Премиер лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал се вклучи во трката за Бруно Гимараеш

Реал Мадрид се вкучи во трката за потписот на плејмејкерот на Њукасл, Бруно Гимараеш. 26-г…