Италијанскиот гигант Јувентус може да го „украде“ Мемфис Депај пред носот на Барселона, пренесуваат италијанските медиуми.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Депај влезе во последната година од договорот и на лето како слободен агент ќе го напушти Лион.
Барселона го сакаше Холанѓанецот уште во летниот преоден рок, но не успеа да се договори со Лион.
Сега е многу веројатно Депај да ја прифати понудата на „старата дама“ бидејќи не се знае со сигурност дали Куман ќе биде на клупата на Барселона и следната сезона.
Јувентус и неговиот агент се во напредни преговори и можно е во наредните недели да биде официјализиран трансферот.