Дома Трансфер зона Јувентус ги израдува навивачите: Во Торино „падна“ важен потпис!

Јувентус ги израдува навивачите: Во Торино „падна“ важен потпис!

Екипата на Јувентус денеска објави добра вест со која ги израдува навивачите, нов договор со клубот од Торино потпиша Бразилецот, Желсон Бремер.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Бразилскиот дефанзивец во Јувентус пристигна во 2022 година од градскиот ривал Торино, а сега стави потпис на нова соработка до 2029 година.

Во новиот договор на Бремер има и една важна промена. Откупната клазула од 60 милиони евра повеќе не важи, односно истата е зголемена. Засега не се открива за каква сума се работи.

Претходно Бремер се поврзуваше со Манчестер Јунајтед, но сега е јасно дека ќе остане во Торино.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…